Албанско-грчка граница: Позитивни на Ковид-19 со лажни тестови оделе во Грција на лекување
Група Албанци создале вистинска индустрија на фалсификувани тестови за коронавирус, кои граѓаните масовно ги купувале со цел да ја преминат границата со Грција.
Лажните ПЦР-тестови биле откриени од медиумските мрежи Топ Чанел и СТАР од Албанија, наведувајќи дека групата фалсификатори работи првенствено на северот на Албанија.
Албанските власти пронајдоа многу фалсификувани тестови и тоа беше причината поради која Грција од денес го затвори граничниот премин Кристалопиги.
Патниците од Албанија сега ќе мора да одат преку граничниот премин Какавија, каде што ќе бидат подложени на брз тест, со задолжително покажување и на негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа.
СТАР објави како изгледа лажен и како вистински ПЦР-тест, а разликите се забележуваат пред се во логото на дијагностичкиот центар каде е направен тестот, но и во потписот и печатот на докторот кој ниту бил виновен, ниту бил должен да стане жртва на фалсификување.
Наводно, многу од оние кои ја преминале грчката граница со лажни тестови веќе знаеле дека се заразени со корона, и отишле во Грција првенствено на лекување затоа што не му веруваат на албанскиот здравствен систем.
Телевизијата го објави и случајот на 20-годишна жена која завчера со лажен тест се обидела да го премине преминот Какавија, но била забележана по што избегала. Досега се уапсени неколку Албанци.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати