-->
-->
Алегри ја отфрли првата понуда на Ал-Хилал
-->
Саудискиот Ал Хилал е во преговори со тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.Според „La Gazzetta dello Sport“, во Монте Карло, каде тренерот ги поминува своите одмори, се одржала средба меѓу Алегри и претставници на Ал-Хилал. Италијанскиот стручњак одбил понуда со плата поголема од 20 милиони евра годишно, но Саудијците веќе подготвуваат подобрена верзија со бонус за потпис од 10 милиони.
Алегри претходно изјави дека не е во преговори за раскин на договорот со Јувентус.
Клубот ја заврши сезоната на 7. место во Серија А со 62 бода, но со одземени 10 бода поради финансиска измама.
Јувентус следната сезона ќе играат во Конференциската лига.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
-

Се засилува заштитата на јагулата
-

Преглед на вестите од светот
-

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?
