Алек Болдвин на снимање на филм убил едно лице, а друго ранил
Истрелувајќи куршум од филмски реквизит, 68-годишниот актер Алек Болдвин на филмски сет во Ново Мексико во четвртокот ја убил снимателката Халина Хатчинс и го ранил режисерот Џоел Соуза.
Инцидентот се случил на снимањето на филмот „Rust“, се наведува во соопштението на канцеларијата на шерифот во Санта Фе.
„Канцеларијтата на шерифот потврдува дека две лица се застрелани на снимањето на филмот ‘Rust“. Директорката на на фотографијата Халина Хатчинс (42) и режисерот Џоел Соуза (48), се застрелани кога куршум од реквизит го истрелала продуцентот и актерото Алек Болдвин (68)“, се наведува во соопштението на полицијата.
Хатчинс со хеликоптер била пренесена во болницата на Универзитетот Њу Мексико во Албукерки, каде што е прогласена мртва, додека Соуза со амбулатно возило е однесен во регионалниот медицински центар „Кристус Сент Винсент“.
Болдвин во филмот го игра озлогласениот криминалец Харланд Раст, кој дознава дека неговиот вник тинејџер е обвинет за случајно убистви.
Пиштолот реквизит требало да биде наполент со празни патрони, но во шаржерот имало боеви куршуми. Во еден момент актертот истрелал од него и ги ранил двете лица.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг