Александар-Арнолд може да го пропушти дербито против Евертон
Дефанзивецот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд би можел да го пропушти дербито на Мерсисајд со Евертон следната недела, објавија медиумите на Островот. Англискиот репрезентативец синоќа не играше ниту во победата од 4-0 над Тотенхем во полуфиналето на Лига купот поради проблем со бедрото што го заработи на мечот од Премиер лигата против Борнмаут во саботата (2-0).
- Тешко е да се каже дали ќе биде подготвен. Нема да поминат месеци, нема да поминат недели, но тоа е само три дена по натпреварот со Плимут, па ќе видиме дали е подготвен. Не сакаме да ризикуваме бидејќи има уште многу натпревари. Но, ако е здрав, ќе го искористиме, изјави менаџерот на „црвените“, Арне Слот, кој планира да направи неколку промени во својот тим за натпреварот од ФА Купот.
Тимот досега оваа сезона требаше да се справи со повреди на Александар-Арнолд, Диого Жота, Алисон Бекер, Ибрахима Конате, Федерико Киеза и Џо Гомез, продолжувајќи да игра на четири фронта.
Слот има похолистички пристап кон играчите и им дава повеќе паузи дури и со зафатениот распоред на тимот. Минатата сезона беа во слична позиција под водство на Јирген Клоп, но по освојувањето на Лига купот имаа лош период во март и април.
- Не можам да споредам со тоа што беше, но дефинитивно на играчите гледам како на луѓе. Ако сакате да продолжите напред во толку долга сезона, тогаш во одредени моменти играчите мора да бидат дома како татковци и сопрузи. Ако сте професионален фудбалер 15, 16, 17 години и имате само три недели летен одмор, тогаш не сте човек, додаде Слот.
Ново на Сител
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија