Алијанса за Албанците и Алтернатива бараат од заменик – министерот Буши да поднесе оставка од функцијата
Вчера Министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека Владата ќе предложи нов предлог-закон за Државјанство.
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива цени дека една ваква изјава, односно најава за нов предлог-закон за Државјанство е тенденциозен и има за цел да го попречува носењето на нашиот предлог закон, кој е во Собраниска постапка.
Цениме дека е апсолутно непотребно да се предложи нов предлог-закон кога се знае дека сите политички партии и СДСМ, и ДУИ, и ВМРО преку нивните Пратеници во собранието со амандмани можат да придонесат за еден квалитетен закон и конечно решение за еден многу важен проблем со кој се соочуваат голем број на наши граѓани.
Бараме од СДСМ како политичка партија јавно да се изјасни, дали го подржува предлог-законот на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива?
После вчерашната изјава на Оливер Спасовски дека негативното мислење на Министерството за Внатрешни работи ја има поддршката и на неговиот заменик Назим Буши од ДУИ, бараме од ДУИ да се изјасни дали има промени во нивниот став во однос на предлог законот за кој првично се изјаснија дека го подржуваат, и исто така бараме од ДУИ објаснување, дали Министерот Спасовски зборува и во име на ДУИ, бидејќи вчера добивме таков впечаток од начинот како се однесува спрема неговиот заменик, Назим Буши.
Истовремено бараме од Оливер Спасовски да престане со циркусот кој што вчера го видовме од начинот како го третира неговиот заменик Назим Буши.
Додека од Буши бараме под итно да си поднесе оставка од функцијата заменик Министер, поради морални причини за да престане и понатаму да го деградира албанскиот гласач.
Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива
Ново на Сител
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда