Алиу: Според експертите, ќе треба максимум два месеца за извештај за кардиохируршките интервенции

Според експертите, ќе им треба максимум два месеца да изготват извештај. Ако има потреба и ќе се одложи, целта е извештајот да е точен и базиран на податоци, одговори денеска министерот за здравство Азир Алиу, прашан за вчерашниот онлајн-состанок со странските експерти ангажирани за анализа на спорните кардиолошки и кардиохируршки интервенции, до каде е динамиката на работа и кога може да се очекува завршница.
- Во ваков случај, јас сум против да има рокови. Ние со рокови може само да штетиме во процедурите и протоколите. Тоа не ни е целта. Мене не ми е целта само да добијам извештај и да излезам пред јавноста и пред вас, да кажам: „завршивме со процедурата“, рече Алиу.
Вчерашната онлајн средба била долга заедно со експертите од нашата држава и тројцата експерти од надвор.
- Дефиниравме методологија, дефиниравме како ќе работи таа странска експертиза од тројцата експерти. Исто така, се согласија и внатрешните експерти за да може да комуницираат и да имаат состаноци толку колку што има потреба или ако странските експерти имаат прашања. Јас и таму, вчера, како и денеска инсистирам да нема временска рамка бидејќи таа временска рамка ќе штети. Но, произлезе одвнатре од таа комуникација, дека не повеќе од два месеца нема да им треба. Најверојатно, максимум два месеца ќе им треба за да може да имаат краен извештај. Тој краен извештај нема да биде само документ, туку ќе биде патоказ за нас и за мене како министер, за да смениме ако треба протоколи за клиниките за оваа здравствена услуга или ако е потребно, ќе направиме реформи во законите. Се ќе зависи од таа комисија од тој краен извештај, што ќе биде јавно достапен и на веб-страница и на прес-конференција, додаде министерот.
Тој беше прашан доколку има злоупотреби дали ќе се однесе извештајот во Обвинителство и дали оставката на интервентниот кардиолог Сашко Кедев, кој го обелдоени случајот со медицински неоправдани операции на срце, ќе ја обесхрабри јавноста.
- Да го чекаме крајниот извештај. Крајниот извештај ќе ни каже што понатаму. Дали треба да менуваме протоколи, дали треба да менуваме закони, дали треба да ги информираме другите институции што се надлежни за можни злоупотреби. Тоа сега не можам да одговорам. Професорот Кедев не е дел од оваа група, интерната, на девет експерти. Тој е дел од советодавниот комитет на министерот што е по закон и тој креира политики за здравството, не е воопшто вклучен во овие процедури, така да логично нема да влијае ни позитивно ни негативно, бидејќи тој ни досега не бил член на оваа група, одговори министерот Алиу.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: 63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање
-

Бела куќа: Средбата на Трамп со Си Џинпинг не е загрозена, но можно е одложување
-

Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
