-->
-->
Алкалоид ја заврши 2020 со раст на добивката
-->
Алкалоид бележи раст од 15% на нето добивка. Во текот на минатата година компанијата оствари консолидирана нето добивка од речиси 19 милиони евра.
Извештаите покажуваат дека лани Алкалоид ја зголеми продажбата за 9%, а исто толкав е растот и на извозот. Од вкупните приходи лани, само една третина се остварени од домашниот пазар, додека поголемиот дел е продажба во странство, најмногу во земјите од Југоисточна и Западна Европа.
Алкалоид лани реализираше инвестиции во вредност од над 25 милиони евра, што е за 44% повеќе од претходната година, а според плановите инвестицискиот циклус ќе продолжи и во наредниот период.
Алкалоид лани реализираше 210 нови вработувања, со што сега фирмата брои речиси 2.400 вработени во земјава и странство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски