Алжир: При уривање на воен-транспортен авион загинаа 105 лица
- Во военио-транспортниот авион кој се урна денеска во Алжир имало 105 лица, и сите загинале, јави алжирската државна телевизија. Претходно, телевизијата „Ал Арабија“ јави дека во инцидентот загинале најмалку 200 војници.
Вкупно 25 лица биле од Западна Сахара. Портпаролот на Управата за цивилна заштита изјави дека авионот требало транзитно да слета во Тиндуф, во југозападниот дел на земјата, каде живеат многу бегалци од соседна Западна Сахара.
Според алжирските медиуми, авионот Ил-76 патувал кон селото Башар, но се урнал во една нива неколку минути по полетувањето од воената база во Буфарик. Веднаш по уривањето, авионот се запалил.
Министерството за одбрана соопшти дека веднаш е отворена истрага. Засега не се познати причините за уривањето на авионот
Ново на Сител
-

Анел Фидоски е нов шеф на скопското Обвинителсво
-

Премиерот Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос
-

Дебата за надзорната функција на Собранието
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
