Аманатидис: Повеќе од 140 земји го користат името Република Македонија
Грчкиот заменик министер за надворешни работи Јанис Аманатидис во изјава за Скај не го отфрли терминот „Македонија“ како дел од предлогот за решавање на прашањето за името и напомена дека привремената референца веќе го содржи тој термин.
- Повеќе од 140 земји веќе ја нарекуваат земјата Република Македонија - рече Аманатидис, коментирајќи ја изјавата на Нимиц дека во предлогот ќе биде содржан терминот „Македонија“.
Тој потенцира дека целта на Атина е сложено име за севкупна употреба, кое ќе се користи и во Македонија и надвор од неа, како и елиминирање на иредентизмот од страна на Скопје.
Тој во изјавата не спомена географска одредница. Додаде дека постојат други параметри, кои ќе го одредат текот на преговорите и ќе ја разјаснат грчката дипломатија.
Во врска со ставовите на архиепископот Јероним, Аманатидис истакна дека Владата секогаш го зема предвид мислењето на црквата, но сепак Владата е одговорна за преговорите.
Архиепископот на Атина и цела Грција, Јероним, уште еднаш напомена дека позицијата на Грчката православна црква е јасна и оти таа е против терминот „Македонија“ да се содржи во името.
Ново на Сител
-
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово
-
Трамп критикуван од муслиманските организации за навредата кон конгресменот Шумер кого го нарече Палестинец
-
Кремљ: Русија е блиску до протерување на украинските сили од Курск
-
Гутереш: ОН поведува иницијатива за сопствена реформа во пресрет на 80-годишнината од формирањето
-
Идниот премиер на Гренланд ги отфрла идеите на Трамп за американско преземање на островот
-
Сиљановска Давкова на Баку форумот: Да понудиме перспективи за врвниот заеднички интерес за траен мир
-
Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата за убиството кај „Мавровка“
-
Одбележување на Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР