Аматерскиот хуманитарен велеслалом во Маврово прикажан на американска телевизија
Светлечкото шоу на ноќно спуштање за време на Хуманитарниот велеслалом по ски-патеките во Маврово, каде скијачите и сноу бордерите се симнуваат со бакљи со црвена и жолта боја, прикажано на американската телевизиска програма „Right this Minute“.
Аматерскиот хуманитарен велеслалом, како што информираат организаторите, се одржа по 16-ти пат во Маврово, минатиот викенд. На настанот учествуваа 54 екипи во две дисциплини скијање и сноу борд, а беа собрани 10.000 евра кои се донирани за Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа“.
Видеото од ски шоуто, е изработено од Вертиго Скај Кам и може да се погледне на следниот линк.
Според Огњан Циговски од Ски Центарот Маврово, овој момент е одлична можност за Маврово, за Македонија, за туризмот.
- Горд сум што една американска телевизија го емитува и го коментира нашиот настан, кој според нив треба да се предложи како нова олимписка дисциплина. Тоа е одлично за туризмот, но со ова уште еднаш потврдуваме дека сме креативна нација која може да сработиме нешто невообичаено и примамливо за Светот, објаснува Циговски.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа