Амбасада на САД во Сараево: Додик е на опасен пат, „раздружувањето“ на БиХ значи крај на РС

Американската амбасада во Босна и Херцеговина го предупреди лидерот на босанските Срби Милорад Додик и сите политичари кои го следат дека се на опасен пат кога се залагаат за „мирно раздружување“, нагласувајќи им дека САД нема мирно да ги набљудуваат акциите што ја загрозува Босна и Херцеговина како држава.
По иницијатива на Додик, владата на Република Српска во четвртокот, пред расправата на Генералното собрание на Обединетите нации, донесе одлука дека во рок од 30 дена ќе подготви документ со кој на Федерацијата на Босна и Херцеговина ќе и предложи „раздружување“, т.е. ставање крај на постоењето на Босна и Херцеговина како што е утврдено со Дејтонскиот договор.
САД беа меѓу најсилните поддржувачи на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, а американската амбасада во Сараево денеска соопшти дека Додик и владата на РС се обиделе да ги објаснат тезите за неможноста за опстанок на РС со „група лаги и дезинформации“ дизајнирани да ја заплашат јавноста во РС со цел да ги следи на тој опасен пат.
„Фактите се едноставни и јасни. Нема меѓународен заговор за укинување на РС, а Додик не може да издвои ниту една изјава на ниту еден американски функционер кој повикува на укинување на РС“, се вели во соопштението.
Американската амбасада потсети и дека БиХ не е унија на два ентитета како што постојано толкува Додик, туку е држава наследничка на поранешната Република БиХ.
Уставот на Босна и Херцеговина, како што истакнаа, не дава право на отцепување или „раздружување“ ниту на субјектите ниту на која било пониска административна единица. РС може да постои само во рамките на БиХ, така што отцепувањето или „обединувањето“ на РС не значи независност на тој ентитет или крај на БиХ, туку крај на РС.
„Тоа е опасна, неодговорна, антидејтонска акција која го става на ризик територијалниот интегритет, суверенитет и мултиетничкиот карактер на Босна и Херцеговина. А, тоа се клучните интереси на САД. САД ќе ги бранат и штитат, меѓу другото, со тоа што ќе ги повикаат на одговорност оние кои изложиле на ризик“, се вели во соопштението на американската амбасада.
Ново на Сител
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол
-

Извршен увид на местото на убиството во кумановско, постојат сомнежи дека осомничениот е поврзан и со други кривични дела
-

Католичкиот свет го одбележува празникот на Свети Валентин
-

Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, како Влада, продолжуваме да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница
-

ССМ: Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите
-

52-годишен скопјанец ја претепал партнерката која била во вториот месец од бременоста
-

При претрес во Кавадарци и Велес пронајдена дрога уапсени три лица
-

Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
