Амбасадори на ОБСЕ од повеќе држави се сретнаа со претседателот Пендаровски
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими шефот на мисијата на ОБСЕ во државава, Килиан Вал, и амбасадорите при мисијата на ОБСЕ на САД, Мајкл Карпентер, на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Неил Буш, на Германија, Геса Браутигам, на Италија, Стефано Балди и на Франција, Кристин Фаж. На средбата присуствуваше и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер.
Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, и амбасадорите размениле мислења за актуелните состојби и случувања во Европа и регионот, како и за приоритетите на македонското претседавање со ОБСЕ.
Соговорниците размениле информации за улогата на ОБСЕ во контекст на руската инвазија врз Украина и неодложната потреба за обнова на мирот и стабилноста и спречување на натамошни конфликти.
Претседателот Пендаровски посочил дека Северна Македонија е целосно подготвена да ја преземе одговорноста и да се соочи со сите предизвици.
Во Скопје од денеска се одржува Конференција за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ, како прва во серијата значајни конференции и состаноци кои ќе се организираат во земјава за време на нашето претседавање со Организацијата во текот на 2023 година.
Ново на Сител
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
-

Преглед на вестите од светот
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
