Амбасадорката на Србија Јовановиќ: Дел од повредените и денеска патуваат за Белград

Србија стои на располагање на Северна Македонија со сите свои расположливи капацитети, веќе успеавме да згрижиме одреден број повредени во несреќата во Кочани, а еден број од нив и денеска патуваат за Белград, изјави српската амбасадорка во земјава Невена Јовановиќ, по потпишувањето во Книгата на жалост што беше денеска отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Таа од име на Република Србија и во нејзино лично име изрази најдлабоко сочувство, како до семејствата на настраданите така и до државното раководство и сите граѓани на Република Северна Македонија.
-Србија тагува заедно со вас, нашите мисли се со братскиот македонски народ и со сите граѓани на Северна Македонија и мислам дека не постои личност во Србија која не заплака поради она што се случи во Кочани, ние се трудиме на сите можни начини да споделиме со Вас оваа болка и да ја пружиме сета расположлива помош онака како што вети претседателот Вучиќ и нашето највисоко раководство и веќе успеавме одреден број пациенти да ги згрижиме во здравствените установи на Република Србија, еден број од нив и денеска патува за Белград, изјави српската амбасадорка.
Повтори дека Реублика Србија стои со сите свои капацитети на располагање на земјава „за да сите заедно колку толку ги ублажиме последиците на оваа несогледлива трагедија“.
Според последните информации 59 лица загинаа а 155 се повредени во страотниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во саботата вечер.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска соопшти дека 51 лице од повредените во пожарот во Кочани се испратени на лекување во странство, преку кризниот штаб кој во изминатите 24 часа го кординираше процесот. Дополнително уште дваесетина ќе бидат транспортирани во болници во Австрија, Словенија, Хрватска, Норвешка и во Унгарија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
