Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година

На Светското првенство во фудбал во 2034 година во Саудиска Арабија воопшто нема да има продажба на алкохол, потврди амбасадорот на земјата што ќе го организира натпреварувањето.
Принцот Калид бин Бандар Ал Сауд рече дека навивачите кои планираат да ја посетат Саудиска Арабија во тоа време ќе мора да се помират со фактот дека ќе присуствуваат на Светско првенство без алкохол.
-Човек може да се забавува без да пие алкохол. Тоа не е неопходност. Ако сакате да пиете откако ќе ја напуштите земјата, можете слободно да го правите тоа, но во овој момент не го дозволуваме тоа“, рече амбасадорот на Саудиска Арабија, додавајќи: „Секој има своја култура, со задоволство ќе го пречекаме секој што сака, но нема да ги менуваме нашите начини на живот за некој друг“.
Слична ситуација имаше и во Катар во 2022 година, каде на неколку дена пред почетокот на турнирот беше поништена одлуката на ФИФА да продава алкохол во близина на стадионот. Меѓутоа, во одредени делови од градот имаше места каде што можеше да купиш и да конзумираш алкохол. Ова нема да биде случај во Саудиска Арабија, бидејќи нема да има локација за купување алкохолни пијалоци.
Ново на Сител
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
-

Прилепската болница за прв пат доби апарат за оптичка кохерентна томографија
