Американка доживеа неверојатно божиќно изненадување
Ива Геб од градот Френклин во американската сојузна држава Индијана доживеа неверојтно изнандување за Божик, кое и го приредија синот и снаата.
Имено, уште пред Божик, таа била изненадена од највата на нејзиниот син Дони дека „ќе си дојде дома за празниците“, иако Ива очекувала дека за време на празникот синот и неговата сопруга ќе бидат на Хаваите, каде тој работи за американското Воено воздухопловство.
Но, кога Дони и неговата сопруга Миранда пристигнале, Ива ја очекувало уште поголемо изненадување. Имено, тие дошле заедно со девојчето кое го посвоиле, а за што не и кажале на Ива.
Првата средба со бабата и внучето е снимена со камера, а снимката од реакцијата на Ива набрзо се најде на интернет и воодушеви многумина.
- Никој од членовите на нашето семејство не знаеше дека ќе дојдеме за Божик, а камо ли дека ќе дојдеме со бебе. Тие беа шокирани и воодушевени, изјави Миранда за „Дејли Мејл“.
Според весникот, несомнено членовите на семејството на Ива овој Божик ќе го помнат до крајот на своите животи.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР