-->
-->
Американската војска изврши воздушни напади во источна Сирија
-->
Војската на САД изврши воздушни напади врз складиште за оружје во источна Сирија што го користат Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и неговите сојузници, соопшти Пентагон.
-Овој прецизен напад за самоодбрана е одговор на серијата напади врз американскиот персонал во Ирак и Сирија од страна на членовите на ИРГЦ- рече американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, според Си-Ен-Ен.
Тој додаде дека нападот го извршиле два борбени авиони Ф-15.
Остин истакна дека за администрацијата во Вашингтон нема поголем приоритет од безбедноста на американскиот персонал.
Вооружено беспилотно летало вчера ја нападна базата Ал Харир во северен Ирак, каде што се стационирани американските сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра