Американската војска објави дека уништила систем за противвоздушна одбрана на Хутите
Американската војска вчера објави дека ги уништила системите за противвоздушна одбрана и беспилотните летала на јеменските Хути во Црвеното Море.
Централната команда на американската армија на мрежата X објави дека уништила противвоздушен систем со две ракети подготвени за лансирање, контролна станица и систем за беспилотни летала.
Хутите во неделата објавија дека лансирале проектили и беспилотни летала врз британски, американски и израелски бродови, што е последен во серијата напади врз трговски бродови во Црвеното Море, што почнаа поради израелската офанзива на Појасот Газа.
Американската команда во неделата објави дека била лансирана противбродска балистичка ракета од територијата на Хутите кон Аденскиот Залив, но дека нема штета или повредени.
Нападите на јеменската група ја нарушија светската трговија преку Суецкиот канал, поради што компаниите се одлучуваат за побезбедна, но многу подолга рута околу Африка.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови