Американската војска се повлече од воената база „Ал-Каим“ во Ирак
Ирачката војска со пригодна свеченост ја презеде воената база „Ал-Каим“ од американските и коалициските сили во оваа земја, што се наоѓа во близина на ирачко-иранската граница, во западната провинција Анбар.
Наскоро се очекува американската војска да напушти уште две други бази во земјата, јави агенцијата Анадолија.
Како што наведува агенцијата, станува збор за воена база на старата железничка станица што им беше дом на силите на меѓународната коалиција кои во борбата против ИД ги предводи војската на САД.
Оттаму се наведува дека токму овој регион во Ирак во 2014 година прв падна во рацете на џехадистите од ИД, а беше меѓу последните ослободени региони на крајот на 2017 година.
Во следните денови се очекува повлекувањето на американските и коалициските сили од базите во Мосул и Киркук. Војниците кои излегоа од базата „Ал-Каим“, наводно, заминале за Сирија.
Ново на Сител
-
Априлските пензии зголемени за 2.500 денари, премиерот уверува - ќе растат платите
-
Побегнал од психијатрија и пукал на вработена во Центарот за социјални грижи во Прилеп
-
Протестен марш во Скопје
-
Тема на денот со Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст
-
Преглед на вестите од светот
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради