-->
-->
Американски генерал: Мосул и Рака ќе бидат ослободени за две години
-->
За ослободување на сирискиот град Рака и ирачкиот Мосул, како и за ликвидација на останатите терористи на Исламска држава, ќе бидат потребни уште две години, смета генерал-потполковник Стивен Таунсенд, командант на меѓународната воена коалиција, предводена од САД.
Таусенд не прецизира кога би можела да биде извојувана конечна победа врз борците на ИД во Сирија и Ирак, но нагласи дека постои напредок во спротивставувањето на ирачката војска на терористите.
Според американскиот командант, ирачката војска вежба борба со користење на тенкови во градски услови.
Рака се смета за „престолнина“ на ИД во Сирија, и по ирачкиот град Мосул, таа претставува главно упориште на терористите во овој регион.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?