-->
-->
Американски конгресмени бараат од Столтенберг прием на Македонија во НАТО
-->
Единаесет конгресмени, предводени од конгресменот Џим Бенкс од Индијана, испратија писмо до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг со барање за покана за полноправно членство на Македонија во НАТО, во кое наведуваат дека тоа е клучно за американските интереси на Балканот, како и за Алијансата, соопшти Обединетата македонска дијаспора (ОМД).
Во писмото се наведува дека уште по основањето на дипломатските односи во 1995, САД ја поддржуваат Македонија во нејзината аспирација за полноправна интеграција во евроатлантските структури, при што остануваат верен партнер што ја помага земјата во јакнење на нејзините демократски капацитети.
- За една мултикултурна нација каква што е Македонија, веруваме дека пред себе има светла иднина, врз кој основ се стремиме кон ангажирање на владините институции и македонскиот народ во реализација на своите потенцијали. Ние веруваме дека е време за Македонија да се приклучи кон членството на НАТО, се наведува во писмото.
Конгресмените наведуваат и дека внимателно ја следеле политичката и дипломатска состојба на Македонија.
- Како што Македонија се движи на патот кон постабилна иднина, ние гледаме огромна можност за натамошна промоција на нашите заемни односи клучни за Балканот. Затоа, ние особено сме охрабрени од надежта на прогресот низ разговорите под покровителство на ОН, како и од подготвеноста на македонските и грчките лидери да ги унапредат своите односи, посочуваат конгресмените во писмото.
Тие сметаат дека Македонија ја зголемува својата подготвеност да стане полноправна членка на НАТО и оти покажала подготвеност и преку своето учество во НАТО операциите во Косово и Авганистан, како и со тоа што застанала страна на САД во случајот со Ирак.
- Како што НАТО прогресира во растечка и комплексна средина конкурентна на Русија, така и потребата Македонија да биде примена во нашата клучна алијанса е несомнена, наведуваат конгресмените и додаваат оти „таквиот одлучувачки чекор, не само што е од интерес за Алијансата, туку е и од интерес на нашата перспектива против руската агресија“.
Конгресмените се членови на Конгресната група за Македонија и основана во 2011 година во соработка со ОМД
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании
-
Променливо и нестабилно време и во наредните денови
-
До 11 часот на гласање излегле 16,46 отсто од гласачите во седумте избирачки места каде се прегласува
-
Избувнал пожар во женското одделение во затворот „Идризово“
-
Велигденов: Вработените во подружниците на Македонска пошта протестираат, на 7 јуни ќе организираат штрајк