Американски судија ги блокираше ограничувањата на Трамп за времетраењето на визите за странски студенти и новинари

Федерален судија денеска го блокираше воведувањето нови правила од страна на владата на американскиот претседател Доналд Трамп, кои имаат за цел да го ограничат времетраењето на престојот во САД за странските студенти и новинари, освен доколку не ги продолжат своите визи.
Окружниот судија Денис Сејлор од Бостон донесе одлука во корист на неколку граѓански организации по ова прашање само еден ден пред соодветната уредба на американското Министерство за внатрешна безбедност да стапи во сила.
Администрацијата на Доналд Трамп од својот втор мандат почна разни реформи на американскиот визен систем, насочени кон затегнување на правилата за престој за повеќе категории странци, со фокус на студентите (F-1 визи) и странските новинари (I визи).
Со децении, меѓународните студенти и новинари влегуваа во САД со виза која важеше за „времетраење на статусот“ (Duration of Status“ – D/S). Тоа значеше дека студентот може да остане во земјата сè додека е редовно запишан на факултет (со сите надградувања на магистерски или докторски студии), без фиксен датум на истекување на самиот престој.
Владата побара воведување фиксен временски рок за престој — најчесто максимум до 4 години за студенти (или само 2 години за земји со високи стапки на пречекорување на визите), по што секој мора формално да поднесе барање за продолжување до Министерството за внатрешна безбедност. За новинарите, престојот се ограничуваше на кратки периоди од 240 дена.
Белата куќа и Министерството за внатрешна безбедност тврдат дека системот D/S имал дупки кои овозможувале злоупотреби, пречекорување на престојот и недоволен надзор над странските државјани, квалификувајќи го тоа како прашање на национална безбедност.
Универзитетите и медиумските организации поднесоа тужби во сојузните судови, истакнувајќи дека фиксните рокови создаваат огромна бирократска несигурност. Според нив, одлуките за продолжување на визите знаат да доцнат со месеци, што би ги оставило академиците и новинарите во правен вакуум, го отежнува завршувањето на докторските студии и го загрозува слободното известување на странските медиуми од САД.
МИА
Ново на Сител
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
-

Сиљановска-Давкова: Нашата човечка големина не е во совршеноста и безгрешноста, туку во храброста да признаеме грешка
-

Максим Димитриевски до СДСМ: Внимавајте да не ви се јави и ЗНАМ 3.0 !
-

Кои се тројцата луѓе во светот што можат да патуваат без пасош?
