Американски воени бродови впловија во грузиското пристаниште Батуми

Американски воени бродови денеска впловија во грузиското пристаниште Батуми поради заедничка воена вежба со крајбрежната стража на Грузија, земја која сака да стане членка на НАТО.
Разорувачот „УСС Портер“ на шестата флота на американската пристигна во црноморското пристаниште Батуми и ќе остане три дена. Посетата на „УСС Потер“ ја потврдува пшосветеноста на САД во јакнење на веските на НАТО со сојузниците и партнерите како што е Грузија, со работа на заеднички цели за промовирање на безбедноста и стабилноста во регионот на Црно Море, соопшти Амбасадата на САД во Тбилиси.
Во соопштението се додава и дека американската морнарица доставила хуманитарна помош за Грузија. САД редовно испраќа воени бродови во грузиските територијални води по кратката руско-грузиска војна во 2008 година.
Ново на Сител
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
