Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на Јутјуб во Русија
Стејт департментот набљудува како руските власти постојано се обидуваат да го ограничат пристапот на граѓаните до информации, и веста дека Кремљ ја успорува и блокира работата на Јутјуб е уште една потврда за ова, изјави синоќа портпаролот Метју Милер.
Изјавата доаѓа откако корисниците во Русија се пожалија на пречки и недостапност на Јутјуб во таа земја.
Милер нагласи дека руските власти прават големи напори да го ограничат пристапот на луѓето до независни информации.
-Тоа се прави со забрзано темпо од почетокот на сеопфатната инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Тие постојано се обидуваат да ја ограничат способноста на руските граѓани да добиваат информации за акциите на својата влада.
Од Стејт департментот изјавија дека САД и понатаму ги осудуваат ваквите дејства на Москва. -Ние продолжуваме со повикот до Кремљ да престане да го блокира пристапот до информации за луѓето во Русија.
И како што веќе кажавме претходно, ако го ограничувате пристапот на вашите граѓани до информации за вакви акции, тоа е знак дека тие акции најверојатно се незаконски, додаде Милер.
Рускоит сервис за мониторинг на интернетот, Сбои. рф, вчера соопшти дека во Русија биле регистрирани илјадници прекини на Јутјуб.
Корисниците изјавиле дека можат да пристапат до овој сервис само преку виртуелни приватни мрежи (VPN). Некои западни новинари кои се наоѓаат во Русија не успеале да го отворат Јутјуб.
Веб-страницата останува достапна само преку некои мобилни уреди.
Ново на Сител
-
Мекдоналдс ја повлече продажбата на „квартер пондер“ хамбургери во САД
-
Спасен повреден мотоциклист кој паднал во провалија на Шар Планина
-
Министерот Таравари прими вакцина против сезонски грип
-
Таравари: Мора да се преземат одредени мерки, направен е лекарски превид во лекувањето на 14-месечното дете
-
Општина Струмица го напушта ЗЕЛС
-
Уапсен 29-годишен арачиновец, ограбил казино
-
Манчестер Сити постави рекорд во Лигата на шампионите
-
Стапуваат во сила новите пониски цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности