Loading Video...
Свет
23. October 2024 - 16:32

Преглед на вести од светот

САМИТ НА БРИКС ВО КАЗАЊ

Втор ден од самитот на БРИКС кој се одржува во Казаљњ. Земјите од БРИКС да ја продлабочат  финансиската и екомонската  соработка порача кинескиот претседател Си Џинпин .

-Земјите од БРИКС треба да играат водечка улога во продлабочувањето на финансиската и економската соработка и промовирањето на поврзаноста со финансиската инфраструктура.(Треба) да одржиме високо ниво на финансиска сигурност, да ја направиме Новата банка за развој поголема и посилна и да го промовираме меѓународниот финансиски систем за подобро да ги одразува промените во светскиот економски пејзаж, истакна Си Џинпинг, претседател на Кина

Мегу темите  создавање инвестициска платофрма БРИКС, која ке го олесни взаменото   инвестирање мегу земјите од БРИКС и   форрмирање берза за жито БРИКС. 

Голем број земји од БРИКС се меѓу најголемите светски производители на  житарки, мешунки и маслодајни семиња. Во таа насока, беше предложено отворање на берзата за жито БРИКС, што ќе придонесе за формирање фер и предвидливи показатели за цените на производите и суровините, имајќи ја предвид нејзината посебна улога во обезбедувањето на безбедноста на храната. Спроведувањето на оваа иницијатива ќе помогне да се заштитат националните пазари од негативно надворешно мешање,  шпекулации и обиди да се предизвика вештачки недостиг на храна

 БРИКС е основан во 2009 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, а во 2010 година им се приклучи и Јужноафриканската Република. Годинава им се придружија Етиопија, Иран, Египет и Обединетите Арапски Емирати.  Домакинот на самитот, Путин рече дека интересот за  членство или соработка со Бркис расте. На самитот  во Казањ присустуваат   над 20 шефови на држави или влади.   Учестува и генералниот секреатр на ОН,  кој утре ке има  билатерална средба со Путин.

 

САД- СЕВЕРНОКОРЕЈСКИТЕ ВОЈНИЦИ СЕ ВО РУСИЈА

Соединетите држави имаат докази дека војници од Северна Кореја се во во Русија изјави американскиот сектерат за одрбана Лојд Остин.

  • Има докази дека има војници на КНДР, знаете, во Русија Што точно прават? Останува да се види. Тоа се работи кои треба да ги решиме, изјави Лојд Остин, секреатр за одбрана на САД.

Претходно, украинскиот претседател Зеленски и јужнокорејското разузнвање соопштија дека  Сееврна Кореја испратила 3000 војници  во Русија и дека се очекува наскоро да заминат на укрианскиот фронт за да им помогнат на руските војнции. .Според Зеленски,  Пјонгјанг планира да испрати вкупно  10 000 војници во Русија до декември.   Северена Кореја негира дека испратила војници во Русија. 

ШТАБОТ НА ТРАМП ГИ ОБВИНИ БРИТАНСКИТЕ ЛАБУРИСТИ ЗА МЕШАЊЕ ВО ИЗБОРИТЕ

Изборниот штаб на Доналд Трамп ја обивни Лабуристичката партија на британскиот премиер Кир Стармер  за странско мешање во претседателските избори во САД и поднесе жалба до ФЕдералната изброна комисија.  Реакцијата следува откако волонтери од редовите на лабирситичката партија отпауваа во САД за да помогнат во кампањата за ривалот на Трамп, Камала Харис.Британскиот премиер изјави дека волонтери од неговата партија патуваат во САД речиси за сите изборни циклуси. Според правилата на ФЕдералната изборна комисија на САД , странски државјани смеат да работат како волонтери во кампањата се додека не се платени за тоа.