Американско-британска вечер на Скопскиот џез фестивал

Американскиот композитор и пијанист Крег Тејборн кој нуди нова перспектива во создавањето џез-музика и кому лани Асоцијацијата на џез-новинари му ја додели наградата за најдобар пијанист, настапува вечер во МОБ на Скопскиот џез фестивал.
По него гостува џез-пејачот и композитор Грегори Портер, чиј албум „Liquid Spirit“ имаше голем комерцијален успех и освои награда „Греми“ за најдобар вокален џез-албум.
„Сити хол“ по полноќ е резервиран за наградуваниот алт-саксофонист и рапер Совето Кинч, претставникот на британската џез и хипхоп-сцена.
Според списанието „Downbeat“, Тејборн е еден од визионерите на новиот музички бран. Нуди нова перспектива во создавањето џез-музика. Настапувал со Џејмс Картер, Роско Мичел, Дејв Холанд, Крис Потер,..., истовремено градејќи репутација на соло-пијанист.
Портер е препознатлив по вокалната моќ и мајсторство. Неговите интерпретации се движат меѓу џезот, соулот и госпелот. Во 2013 година албумот „Liquid spirit“ ја освојува наградата Греми и доживува голем комерцијален успех, ретко забележан во историјата на џезот.
Музиката на Кинч се опишува како „прекрасна комбинација на брилијантност, духовитост, сценски настап и чиста енергија“. Речиси самоук, овој дипломец по историја на Универзитетот во Оксфорд постојано црпел инспирација од влијателниот изведувач и бенд-лидер Кортни Пајн. Во неговите рап - стихови со интелектуални референци, преовладува уличниот сленг на Бирмингем.
Фестивалот завршува утре, со концерти на канадскиот тандем - Сара Нуфелд и Колин Стетсон, кои на виолина и саксофон создаваат богати и егзотични звуци, како и на осумчлениот шведски бенд „Англес 8“ кој свири современ џез, комбинација од разновидни музички влијанија.
Годинашниот 34. Скопски џез фестивал почна завчера со настапите на американскиот гитарист Џејмс Блад Алмер и меѓународно реномираниот тромбонист од Италија Џанлука Петрела. Вчера на програмата беа германскиот пијанист Јоаким Кин, еден од најзначајните претставници на џез-авангардата, и триото на Авишаи Коен од Израел, кој е меѓу најголемите светски виртуози на контрабас.
Во полноќниот термин вчера во „Сити хол“, гостуваше џез-секстетот „Melt Yourself Down“, во кој членуваат неколкумина најиновативни музичари на џез, рок и ворлд-мјузик сцената во Велика Британија.
Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура, а автор на дизајнот на плакатот е Карло Меѓугорац.
Ново на Сител
-

Советници на Трамп платени со стотици илјади долари за изборен ангажман во Република Српска
-

Унгарија ја увери Бугарија во целосна солидарност по нападот со дрон во Црното Море
-

Харадинај: Курти повторно го води Косово на избори
-

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании
-

Од лидер до ментор: Flex Group Leadership Academy продолжува со вториот дел од програмата
-

Стоилковиќ се сретна со делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа
-

19-годишно момче од Тетово загина во Италија откако паднало од покрив висок седум метри додека работело
-

СЗО алармира: Дебелината кај децата четирикратно зголемена од 1990 година
