АМС и НМСМ ќе ги доделат наградите за младинско учество
По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, Агенција за млади и спорт и Националниот младински совет на Македонија – НМСМ ќе доделат награди за младинско учество. Наградите ќе бидат доделени вечер, во 19 часот, во претседателската вила на Водно.
Оваа година ќе бидат доделени награди во три категории индивидуална, категорија за неформални групи на млади и категорија младински организации, организации за млади и младински чадор организации.
На доделувањето на наградите, како што е најавено, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски и претседателката на Националниот младински совет на Македонија – Марија Крстевска.
По доделување на наградите ќе се организира забава за младите во „Јавна Соба“, со почеток од 20 часот. Ќе настапат повеќе музички бендови и диџеи.
Ново на Сител
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
-
Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил
-
Поплавен погон на скопска фирма
-
Македонец пронашол изгубено девојче во Неа Флогита
-
Нови пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти во Скопје
-
Прва седница на Владата, ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнал во Куманово