-->
-->
АМС и ССФМ в среда ќе ги прогласат најдобрите македонски спортисти за 2015 година
-->

Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Сојузот на спортски федерации на Македонија (ССФМ) по 61.ви пат годинава традиционално ги избираат најдобрите спортисти за годината што изминува.
- Почнувајќи од далечната 1954 година кога скијачот Рефик Јахија за првпат беше избран за спортист на годината, оттогаш па наваму низ годините на оваа спортска манифестација продефилираа звучни имињана кои се стекнаа со ова спортско одличје и практично ја промовираа Македонија на меѓународната сцена со остварените резултати. И оваа манифестација ќе биде празник на спортот и еден вид сатисфакција за сите они субјекти кои се вклучени во спортот директно или индиректно, пред се тоа се однесува за спортистите, а тука се и нивните тренери, стручните лица, раководните структури во федерациите и клубовите, медиумите, навивачите, а се со единствена цел да се глорифицираат нивните резултати и да се промовира и афирмира македонскиот спорт, изјави на денешната прес-конференција директорот на АМС Марјан Спасески.
За годинашниот избор номинирани се спортисти и спортски субјекти во десет категории за кои што се гласа, како и три категории за најуспешни училишни спортски клубови во основното, средното и високото образование.
Номинациите и номинираните произлегоа од националните спортски федерациите, медиумите и новинарите кои учествуваат во гласањето во кое учествува и Советот за спорт како стручно тело при АМС.
Свеченоста оваа година ќе се одржи в среда (23 декември) со почеток од 19 часот во Македонскиот народен театар во Скопје. Најдобрите ќе добијат статуетка.
Спасески ги информира новинарите дека Владата на Република Македонија донесе одлука за првпат годинава да додели титула спортски амбасадори. Годинава тоа се четворица врвни спортисти и спортски работници: Кирил Лазаров, Андон Дончевски, Јошко Миленковски и Агим Ибраими. Дел од нив ќе учествуваат на гала свеченоста.
- Станува збор за измени во Законот за спорт каде што не е дефиниран бројот на спортски амбасадори кои годишно се избираат. Верувам дека секоја година минимум ќе имаме по два-тројца спортски амбасадори кои ќе ја добијат титулата, значајна за дополнително стимулирање на овие спортски работници да ја промовираат државата на меѓународната сцена, потенцира директорот на АМС.
Спасески додаде дека се размислува спортските амбасадори да добијат и дипломатски пасош и на тој начин да добијат еден вид бенефиција од државата за нивните активности на меѓународен план.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
