Loading Video...
Спорт плус
7. April 2020 - 19:46

АМС: Помош само за спортисти со помали примања од 39.900д.

Директорот на Агенцијата за спорт и Млади Дарко Каевски  деновиве ја обелодени финансиската помош за  сите учесници во спортот  како резултат на  кризата со вирусната пандемија.  На сајтот на агенцијата објавени се апликациите за пријавување но и условите кои треба да ги исполнат сите заинтересирани.

 Според олуката на Владата од четврти април и донесената уредба потребните барања и изјави  се објавени на официјалната веб страница на АМС која ќе ја реализира финансиската поддршка.

 Да потсетиме дека право  на финансиска поддршка имаат спортисти кои спортските активности ги вршат професионално, кои склучиле договор со спортски клуб и се впишале во регистерот на спортисти кои настапуваат во систем на натпревари што го води национална спортска федерација.

Наведени се и условите што треба да ги исполнуваат стручните лица и членовите на спортската администрација, за добивање на плата од 14.500 денари за месеците април и мај. Пријави може да поднесат  само  спортисти кои добиваат плата пониска  од 39.900 денари месечно. Исплатата ќе биде во висина од 14.500 денари за месеците април и мај.