Спорт плус
8. February 2017 - 13:18

АМС со поддршка за Регионалната боксерска лига

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари среда со раководството на Регионалната лига во бокс, Јурица Рунтиќ и Димитар Ташков
 
Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Директорот Марјан Спасески оствари средба со првиот човек на Регионалната лига во бокс, Претседателот Јурица Рунтиќ и со директорот на регионалната лига Димитар Ташков. 

Цел на средбата беше започнувањето на регионалната лига во бокс, која треба да се случи во месец март.

Рунтиќ и Ташков го информираа Спасески дека со започнувањето на регионалното првенство (налик Јадранската Аба Лига во кошарка), ќе претставува историски чекор кон враќањето на популарноста на боксот во регионот.

" Регионалното натрпеварување ќе биде составено од екипи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија и тоа од 7 екипи - БК Пинк Пантер од Штип,Македонија, БК Спартак од Војводина, Србија, БК Лозница од Лозница, Србија, БК Лазаревац од Белград, Србија, БК Сесвете од Загреб, Хрватска, БК Славија од Бања Лука,БиХ, БК Радник од Бјелина, БиХ. Ќе се одржат 14 кола започнувајќи со првиот натпревар кој ќе се одржи на 4-ти март оваа година во Македонија, во спортската сала "Јордан Мијалков" во Штип помеѓу БК Пинк Пантер и БК Спартак. Учесниците ќе се натпреваруваат во 9 категории и тоа 56кг, 60кг, 64кг, 69кг, 75кг, 81кг, 91кг и +91 кг. Многу важно е тоа што победникот на ова натпреварување ќе земе учество во WSB (Светска лига на прваци) - истакнаа раководните лица на регионална боксерка лига рунтиќ и Ташков.

Директорот Спасески го поздрави овој навистина голем чекор кој треба да го врати борењето на високите патеки. Спасески истакна дека Македонија секогаш преставувала извор на боксерски таленти кои подоцна станувале боксерски асови како што се носителите на Олимписки медали Аце Русевски и Реџеп Реџеповски.На крај на состанокот Спасески додаде дека Агенцијата за млади и спорт ќе работи со уште позасилено темпо за развој на борењето и создавање на идни боксерски асови. 

На средбата присуствуваа и Илија Младеновски потпретедател на Регионалната лига во бокс и Жељка Бошњаковиќ директор на VOCOR MEDIA задолжена за медиумска и пи-ар покриеност на регионалната лига.