Андон Сарамандов е нов градоначалник на Општина Гевгелија
Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ е новоизбраниот градоначалник на Општина Гевгелија, кој според неофицијалните резултати од ДИК, во вториот круг од Локалните избори освои 56,88 отсто од гласовите, додека неговиот конкурент од СДСМ, Сашо Поцков, освои 38,67 отсто од гласовите.
Од вкупно излезените 13.266 граѓани, вчера во вториот изборен круг гласот за Сарамандов го дале 7.546 граѓани додека за Поцков гласале вкупно 5.130 граѓани.
Андон Сарамандов синоќа на градскиот плоштад ја прослави победата со своите сопартијци ВМРО-ДПМНЕ, симпатизерите и граѓаните на Гевгелија на кои им изрази голема благодарност за довербата.
-Гевгелија покажа дека е проевропски ориентиран град. Победивме и докажавме дека градот сака промени. Јас и мојот тим се обврзуваме дека по оваа победа, изразена со разлика од преку 2.400 гласа предност, порача Сарамандов.
Тој додаде дека напорно ќе работат за доброто на сите граѓани на општина Гевгелија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
