Андоновска: Паѓа во вода обвинувањето за неквалитетен инсулин
Aферата ИНСУЛИН ја признаа од Министерството за здравство. Сега јавноста ќе ја дознае целата вистина. Кога министерството не сака да ја приложи целокупната документација за ова скандалозно уништување на инсулин со валиден рок ние ќе ги предочиме фактите.
Дел од инсулинот, кој што бил уништен на ден 5.12.2019 година, имал валиден рок на употреба до 6 и 7 месец 2020 година. Патем овој инсулин бил произведен од една од најреномираните компании НОВО НОРДИСК од Данска и оваа компанија стои како гаранција за квалитетот на производот. Ако за министерството за здравство оваа компанија носи неквалитетни лекови со сомнително потекло, тогаш не знаеме која компанија произведува поквалитетен инсулин!
Паѓа во вода обвинувањето за неквалитетен инсулин.
Второ, беше кажано дека бил инсулинот со сомнителен квалитет. Ова е општа квалификација која што е неодредена. Кој утврдил дека инсулинот е сомнителен, и поради кои причини е таков? Има ли некаков документ со кој се прави анализа и оспорува неговиот квалитет?
Четврто, ако принципот на паралелен увоз не чини, тогаш зошто оваа иста влада дозволи паралален увоз на бразилски инсулин, што прво го одобрија па потоа го повлекоа?
Министерството за здравство се заплетка во овој скандал уште повеќе.
Министерството за здравство и Филипче се фатени во лага. Документите покажуваат сомнеж дека се уништува здрав инсулин, за да има нов тендер кој ќе го добие некоја компанија блиска до власта.
Овој инсулин можеше да заврши кај пациентите, но заврши уништен на отпад. Кој ќе ја сноси одговорноста за ваквата постапка?
Бараме итни одговори. Бараме надлежните институции веднаш да го проверат овој скандал и индиции за криминал тежок над милион евра.
Оваа влада во заминување на чело со Заев и институциите под нејзина контрола ќе треба да понесат одговорност за сите криминали кои ги прават. Таа одговорност нема да биде само политичка изразена во катастрофален пораз на следните избори, туку и кривична за сите матни зделки и милионски скандали во кои длабоко се заглавени.
Ново на Сител
-
Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија
-
Македонски навивачи држени четири и пол часа на хрватска граница, се барале знамиња со сонцето од Кутлеш
-
Бугарија доби нова влада – Росен Жељазков избран за премиер
-
Владата го поздравува изборот на нова влада во Софија, но со резерва за можен напредок во разговорите
-
Интерпелацијата даде резултат – Илире Даути си поднесе оставка
-
Деветгодишно дете почина на клиниката за детски болести – Било донесено од штипската болница во многу тешка состојба
-
ИЈЗ: За една недела трипати повеќе болни од грип