Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија

Најдоцна до јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија, која што се базира на четири клучни столба. Првиот е поврзливост или инфраструктура, вториот се услугите или дигитална трансформација и на бизнис секторот и на јавните услуги, третиот се новите технологии и вештачката интелегенција и четвртиот е дигиталните вештини за граѓаните и за вработените во јавниот сектор, изјави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
-Нашиот фокус сега е да одиме во два правци. Едниот правец е да ги дигитализираме услугите што граѓаните најмногу ги користат за да ја поткренеме свесноста дека постојат вакви електронски услуги и секако паралелно со тоа да одиме со оние институции коишто се најподготвени за брза дигитализација на нивните услуги, рече Андоновски во интервју за Тема на денот на ТВ Сител.
Министерот посочи на соработката со Агенцијата за катастар. Имотниот лист и пет други најкористени услуги од катастарот од оваа недела се достапни на порталот uslugi.gov.mk. Во сите центри за услуги во Скопје, во Општина Аеродром, во Јегуновце, во Куманово, во Охрид, во Битола и во Тетово граѓаните ќе можат да извадат ваков документ преку електронска услуга од катастарот.
- Што значи практично дека шалтерите од катастарот ги прошируваме низ целата држава и во нашите центри за услуги, рече министерот.
Со измените на Законот за електронски документи од 1 јануари секој документ којшто ќе се испечати од порталот односно електронски документ ќе може да се користи како традиционален документ, со синиот печат.
- Што значи дека овие документи имаат електронски печат, електронски потпис, времен жиг кој што точно утврдува кој го произвел, кој го потпишува и во кое време, што значи имаат полноправна валидност и ќе можат да се користат, рече Андоновски.
Во однос на регулирањето на интернет просторот, Андоновски рече дека преку измени на Законот за медиуми, кои сега се во владина процедура, а наскоро ќе влезат во Собрание, ќе се направи обид да се поткрене нивото на професионалност на онлајн медиумите.
-Медиуми што имаат импресум, објавен уредник, најмалку тројца вработени и се регистрираат во регистарот којшто ќе го води АВМУ ќе можат да ги уживаат сите права и дома и меѓународно како препознаен медиум. Ова е барање и од ЕУ и наша желба да поставиме определена граница за тоа кој ги информира граѓаните, на кого може да му се верува, а не се оние коишто тоа го прават аматерски или, пак, тоа го прават со злонамера, сакаат да ги злоупотребат граѓаните и да пласираат дезинформации, рече Андоновски.
Министерот посочи и дека сите оние кои што сакаат да продолжат да работат без тројца вработени или не сакаат да се регистрираат во АВМУ, можат да продолжат да работат, нема да имаат никаква пречка за тоа.
- Но, медиумите кои сакаат да се препознаат и да кажат во странство, особено да членуваат во здруженија и.т.н и сакаат да кажат дека се препознаени како онлајн медиуми, треба да им ја дадеме таа можност, рече Андоновски.
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
