Андоновски: Олеснување на постапката за вадење лични документи во Куманово

Системот „Земи бројче“ кој како пилот проект се спроведува во Куманово е ефикасен, оцени денеска дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски кој заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во техничката Влада го промовираа проектот. Целта, како што посочи Андоновски е да се обезбеди ефикасен и брз начин и ред во однос на приемот на граѓани за фотографирање и издавање на лични документи.
-МИОА се вклучува во поддршката на МВР во процесот на издавање на лични документи. Целта која што сакаме да ја постигнеме е да на брз и ефикасен начин луѓето можат да присуствуваат на фотографирање, на аплицирање за свој личен документ, а потоа и за подигање со цел да ја намалиме гужвата и да воспоставиме еден брз ефикасен начин на добивање на документи, во исто време на достоинствен начин граѓаните да можат да си ја завршат работата. Целта на проектот е да се помогне да процесот функционира помазно, покултурно и се надеваме дека во наредниот период ќе можеме да го искористиме овој систем којшто ние го имаме еу-услуги во нашата една точка на услуги да го пренесеме онаму каде што е потребно во МВР. Како што кажа и министерот Тошковски, станува збор за пилот проект и се надеваме да успееме уште во неколку други точки да го позиционираме овој систем, рече дополнителниот заменик министер.
Тој појасни дека системот првин ги препознава граѓаните кои телефонски или електронски закажел термин, во однос на граѓаните кои доаѓаат на шалтери на самото место.
-На едно од прашањата прашавте дали би имало судир, конфликт помеѓу едни или други граѓани коишто закажале визави оние коишто доаѓаат на лице место да се фотографираат – не, затоа што во секој случај во системот прво ги препознава граѓаните коишто се јавиле и телефонски имаат закажано или, пак, електронски и секогаш во нивниот термин тие први доаѓаат на слободниот шалтер, а по нив доаѓаат граѓаните коишто закажуваат на лице место, односно коишто земаат бројче. И во наредниот период продолжуваме со ваков тип на активности, рече Андоновски.
Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација додаде дека МИОА е подготвенo за имплментирање на проектот и во други градови, но тоа зависи од просторни, логистички можности.
-Ние како МИОА сме подготвени, но ги разгледуваме просторните, логистичките можности коишто МВР ги има кај себе и во зависност од тоа каде што МВР ќе смета дека треба да се позиционираме ние таму ќе излеземе во пресрет и ќе го наместиме овој систем за функционирање. Капацитетите не се многу големи, но овој период барем до изборите додека не можеме да распишуваме јавни набавки за нови системи ќе работиме со оние системи коишто ги имаме, рече Андоновски.
И тој е информиран дека во канцеларијата „една точка за услуги“ не функцииора закажувањето на термини и рече дека ќе ја посети канцеларијата за да се информира детално за состојбара.
-Има еден посериозен проблем во делот на оваа една точка за услуги, а тоа е неповрзаноста на системите на различните институции. Ако МИОА е добро поврзана тогаш Управата за матични книги не е добро поврзана и тука се создава дополнителна гужва кај граѓаните коишто сакаат да си ја завршат работата. Но, ќе ја видам ситуацијата и ќе можам повеќе да коментирам во наредниот период, рече Андоновски.
Ново на Сител
-

Презентирани над 200 докази во случајот со Груби за злоупотреби во Државната лотарија
-

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на Левица за платено политичко рекламирање, Левица обвинува за партизација на Судот
-

Судски совет: Се работи на расчистување на состојбите во Основниот суд Куманово
-

Амбасадорите за Норвешка, Бугарија, Шведска и Романија ги претставија дипломатските платформи во Парламентот
-

Од денеска Хрватска ќе издава визи за камионџиите
-

Клековски: Имаме ситуации со луѓе кои се на боледување, а на Инстаграм се сликаат на одмор во Италија
-

Неопходни се рабони места кои ќе понудат баланс меѓу приватниот и професионален живот
-

Донирај текстови, документи и гласовни снимки за потребите на „Везилка“
