Аневски: Јанева и Фетаи го прекршиле Кодексот на етика на јавните обвинители

Претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски денеска изјави дека Советот вчера заседавал по однос на претставката на в.д. претседателката на скопскиот Кривичен суд Татјана Михајлова и донел заклучок дека јавните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи со нивното однесување на последното судско рочиште за настаните пред општина Центар од јуни 2013 година го прекршиле Кодексот на етика на јавните обвинители.
- Дадовме препорака до јавниот обвинител дека ќе треба да ја разгледа можноста од определување на друг јавен обвинител за застапување на тој предмет. Се работи за оној предмет каде е обвинет поранешен премиер со други лица за кривично дело, мислам, насилство, вели Аневски.
Следното судско рочиште за овој случај е закажано за утре.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
-

Можен рестарт на рафинеријата „Окта“
-

Кромберг и Шуберт ќе отворат нов погон во Битола и ќе вработат 2.000 лица
-

„Див запад“: Неповолен извештај на ДЗР за работата на општина Кичево
-

„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
-

За еден ден 25.000 пријави за вакцинација против сезонски грип
