Ангела Меркел официјално ја објави кандидатурата за четврти мандат како канцелар
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска официјално ја објави кандидатурата за четврти мандат на парламентарните избори следната година, соопштија извори од нејзината партија.
Меркел изјавила пред другите раководители на Христијанско-демократската Унија (ЦДУ), кои денеска заседаваат во Берлин, дека има амбиција да биде реизбрана како претседател на партијата на конгресот следниот месец, а потоа повторно да се кандидира за шеф на германската влада на парламентарните избори во 2017 година.
Германците повеќе месеци ја чекаат одлуката на Меркел, која е на власт од 2005 година, дали ќе се кандидира за четврти мандат.
Лидерката на ЦДУ се соочи со голем број проблеми во последните неколку месеци, како што се критики околу решавањето на мигрантската криза и намалување на рејтингот.
Официјалната изјава на Меркел се очекува во 19 часот по локално време.
Доколку Меркел победи на изборите во 2017 година и остане на власт цели четири години, тогаш таа ќе се израмни во времетраење на оваа функција во повоениот период со сопствениот политички татко Хелмут Кол, кој беше на чело на германската влада 16 години.
Ново на Сител
-
На јужен Бејрут нови израелски напади
-
Денеска променливо облачно со температура до 23 степени
-
Состојба на патиштата
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа
-
Блинкен вели дека 8.000 Севернокорејци на границата со Русија се подготвени за борба со Украина
-
Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Алкалоид бележи позитивни финансиски резултати
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан