Ангела Меркел се уште без целосен азил во Германија

Бебето кое што е родено на 27 декември 2015 година и кое што своето име го доби по германската канцеларка Ангела Меркел во знак на благодарност на неговите родители кон грижата на Германија за бегалците, се уште не може да добие целосна заштита како бегалец.
Родителите на малата Ангела Меркел во Германија пристигнале во текот на летото минатата година по што веднаш поднесле барање за азил но германските власти сеуште не сакаат за неа и за нејзните родители да одобрат статус каков што имаат најголем број од другите бегалци во земјата, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Причината зошто малата Ангела Меркел се уште има статус на делумно заштитено лице и не ги ужива правата какви што ги имаат бегалците со целосна заштита е што нејзините родители не можат да докажат дека во земјата од каде што доаѓаат биле прогонувани од властите или други политички религиозни или криминални структури.
Родителите на Ангела Меркел која што вчера го прославила својот прв роденден во Германија пристигнале од Сирија. Според сегашниот статус тие не можат да бидат протерани од Германија во период од една година, но според промените на германските закони не се во можност во земјата да ги донесат и другите членови на нивното семејство од Сирија. Во Германија можат да останат и подолго доколку научат германски јазик на соодветно ниво и доколку почнат да работат.
Ново на Сител
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
-

Преглед на вестите од светот
