Ангелов: Да ги оставиме најблиските за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов апелира до граѓаните кои денеска во Кочани ќе оддадат почит на настраданите во пожарот, да не ја попречуваат погребната церемонија.
Денес, како што нагласува, треба да ги оставиме најблиските, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда.
- Невозможно е, нехумано и непотребно, сите во исто време да пријдат околу телата на починатите. На родителите им треба утеха од најблиските кои претходно ќе влезат со нив. Но, тагата и болката на родителите, браќата и сестрите, роднините и другарите на настраданите е најголема, вели Ангелов.
Затоа, како што истакнува, денес да ги оставиме унесреќените родители, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда. Да им оддадат почит, да постојат до нив пред да бидат положени во гроб.
- Да го оставиме Синодот на МПЦ предводен од Неговото Блаженство г.г. Стефан, поглавар на МПЦ ОА на гробиштата во Кочани, како и свештениците во другите градови и села, непречено да ја одржат погребната церемонија, вели тој.
Ангелов посочува дека поради конфигурацијата на теренот на градските гробишта во Кочани невозможно е безбедно влегување на поголем број на луѓе внатре во гробиштата.
- На влезната капија на гробиштата ќе стојат свештеници од Кочани кои ќе ги пропуштат родителите со нивните најблиски. Ги замолувам останатите ужалени граѓани, да останат надвор од портите на гробиштата. Достоинствено, без туркање и загрозување на својата и безбедноста на присутните да оддадат почит на настраданите. По завршувањето на погребната церемонија, но и следните денови, сите ужалени граѓани, постепено, еден по еден, ќе можат да отидат до вечните почивалишта на настраданите, да се помолат за нивните души, да положат цвеќе, да запалат свеќа, вели Ангелов.
Ангелов информира дека на и околу местата на погребите ќе бидат распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари