Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, повторно апелираше до граѓаните да бидат внимателни и одговорни во текот на летниот период и да не палат оган на отворено поради опасност од предизвикување пожари.
При обиколка на подрачје покрај реката Треска, Ангелов преку видео порака покажа огниште за скара поставено во непосредна близина на сува трева и куп суви гранки кои водат кон блиската шума.
Тој предупреди дека ваквата ситуација претставува сериозна опасност од ширење на пожар, особено во услови на високи температури и суво време.
- Погледнете го ова. Погледнете ја оваа сува трева. Погледнете го овој куп суви гранки кои директно водат кон блиската шума. Ова е рецепт за катастрофа. Дали треба да се запали ова преубава шума за на некого да му преработи совеста. Секојдневно повикувам, предупредувам и ги молам граѓаните да бидат внимателни со своето поведение за да не предизвикаат пожар. Секој ден нагласувам дека е доволно само една искра за да настане вистинска катастрофа - изјави Ангелов.
Тој изрази разочараност што, и покрај бројните апели од надлежните институции, сè уште се забележуваат случаи на палење оган на отворено во период кога опасноста од пожари е зголемена.
Ангелов уште еднаш апелираше до граѓаните да не палат оган во природа и да покажат одговорност кон животната средина и безбедноста на луѓето.
- Уште еднаш ве молам, не палете оган во текот на летото. Доволно е само искра за да настане катастрофа- порача Ангелов.
МИА
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
