-->
-->
Ангеловска: Рано е да се зборува за последиците врз нашата економија од коронавирусот
-->
Се уште е рано да се зборува за последиците на нашата економија од коронавирусот, оцени денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска за време на посетата на Свети Николе. Посочи дека од Владата имаат насоки да ги следат состојбите и да преземаат одредени превентивни мерки.
-Вчера беа усвоени неколку одлуки на Владата, кои верувам дека ги знаете, а тоа е во делот на забраната за екскурзии во северна Италија од основните и средни школи. Тоа се на некој начин превенција. Министерот за здравство говореше и ги сподели мерките во однос на резервите, односно да се обезбедиме со ракавици, скафандери, дополнителна опрема. Ние на седницата разговараме долго време во однос на целата ситуација и што е она што може да се превенира, вели Ангеловска.
Таа посочи дека од економската гледна точка е рано да се прават какви било предвидувања, а ја следат и глобалната економија со цел да се преземат и одредени активности. Буџетот во таа насока е ликвиден и неговата реализација е одлична во месец јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар