Ангеловска: За побрз економски раст повеќе жени на раководни позиции
Бројот на вработени мажи во Република Северна Македонија е повисок за над 150 илјади во однос на вработените жени, додека жените учествуваат со поголем процент во неактивното население. Само 2,6 проценти од жените се работодавачи во земјава. Поактивното вклучување на жените во деловниот сектор и на раководни позиции, ќе придонесе за побрз економски раст и одржлив развој, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на панелот од високо ниво „Паметна родова економија“, кој се одржува во рамки на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.
– Знаеме дека жените ширум светот се пообразовани од мажите. Исто така, знаеме дека жените низ целиот свет се помалку активни во деловниот сектор. Имаме многу мал процент на бизниси што ги водат жени. На пример, во Северна Македонија само 2,6 проценти од жените се работодавачи. Исто така, имаме поголем удел на мажи кај вработеното население, додека поголем удел на жени кај неактивното население. Мислам дека ако можеме да ги охрабриме жените да бидат поамбициозни, да се стремат кон повисоко, тогаш ова ќе биде важен фактор за економски раст. За да нашите економии се развиваат, многу е важно да вклучиме повеќе жени на лидерски позиции, рече Ангеловска, соопшти Министерството за финансии.
На панелот говореа и министерката за финансии и економија на Албанија Анила Денај, извршната директорка на Агенцијата за развој на Франција Реми Ру и заменик директорката на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија Катерина Матернова.
Модератор на настанот беше директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер. Таа истакна дека само 17 проценти од имотите во Северна Македонија се поседувани од жени или имаат жени косопственици и оти ситуацијата е слична во другите земји на Западен Балкан, како и дека овој податок не се должи на законска регулатива, туку на социјални норми.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени