Ангеловски: Далеку е ЕП, се фокусираме само на Ерменија
Македонската фудбалска репрезентација со оптимизам го очекува утрешниот натпревар против Ерменија во Ереван во рамките на четвртото коло на Лигата на Нации.
Со три победи од толку одиграни натпревари Македонија е лидер во групата, а во пресрет на последните три меча потребен е само бод за да се потврди првото место и пласманот во полуфиналето на Д-Лигата.
- Се подготвуваме за утрешниот натпревар, но знаеме дека Ерменците се добар национален тим. По поразот од Гибралтар веројатно ќе бидат лути да реагираат против нашата селекција. Многу далеку е Европското првенство и не мислиме на таа шанса. Во главата ни е само утрешниот натпревар и можноста да извојуваме позитивен резултат. Сите фудбалери се здрави и спремни и тоа ме радува. Не смееме да ги потцениме, тоа би било погубно. Играчите и тактичката поставеност ни се познати, ќе одговориме на било која нивна формација, изјави селекторот Игор Ангеловски на официјалната прес конференција пред натпреварот со Ерменија.
Натпреварот Ерменија – Македонија е закажан за утре со почеток во 18 часот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад
-
Мицкоски: Бугарскиот парламент да го ратификува пристапниот договор па потоа уставни измени
-
Мицкоски: Да не се врши притисок врз Уставен
-
Анализа: Што ќе се случува со ЗЕЛС ако општините продолжат да ја напуштаат организацијата?
-
Владата ќе бара решение за да не пораснат функционерските плати
-
Многу жени не одат на закажан скрининг за рак на дојка – Пациенти со симптоми пак чекаат со месеци за мамографија
-
Ситуацијата кај Буково алармантна
-
Министерството за дигитална трансформација отвори прв општински центар за услуги