Ангеловски: Моите играчи одиграа храбро
На прес конференцијата по дуелот со Рубин тренерот на Работнички Игро Ангеловски беше дочекан со аплауз од присутните новинари, но тој истакна дека аплаузот го заслужија играчите.
- Одигравме половина час со играч помалку и моите играчи покажаа дека никогаш не се предаваат, никогаш и во ниту еден момент. Одиграа храбро за да останеме во живот и за реваншот. На реваншот ќе ги имаме во составот и Илијоски и Трајчевски, се надевам и повредените Сахити и Митров ќе можат да играат. Ова реми за нас е како победа. Не истакнувам поединци, но овојпат ќе го потенцирам 17-годишниот Милан Ристовски. Горд сум што добиваме уште еден бисер. Имаше деби на европска сцена и одигра одлични 20-тина минути. Рубин и натаму е фаворит, а во Казан ние ќе играме 100% и повеќе , а дали ќе биде доволно ќе видиме, изјави Ангеловски.
Ново на Сител
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот