Анѓушев побара косопствениците на неговите фирми да ги повлечат апликациите за мерките од Планот за економски раст

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев ги повика косопствениците на неговите фирми да ја преиспитаат одлуката за аплицирање на мерките од Планот за економски раст и да се повлечат.
- Планот за економски раст е модел врз кој се темели владината економска политика за раст и развој на компаниите на кои им се обезбедувааат еднакви услови и фер третман за сите. Не смееме да дозволиме да се фрли каква било дамка на целиот процес кој патем е кристално чист – транспарентни кртериуми, јасно дефинирани услови и фер шанса за сите кои ги исполнуваат – тоа се принципите врз кои ја градевме програмата за економски раст. Јас сум длабоко убеден дека економија изградена на поддршка на компании кои се развиваат е успешна економја која нуди повисоки плати и подобар животен стандард за граѓаните, изјави Анѓушев за МИА.
Тој нагласи дека е делумно сопственик на повеќе фирми во Република Македонија кои вработуваат вкупно над 1.000 луѓе.
- Сите компании во кои имам сопственички удел самостојно растат, се развиваат и извезвуваат готови производи на пазарите во ЕУ и САД со што повеќекратно придонесуваат во вкупниот БДП на земјава. Сето ова е пријавено уредно во анкетниот лист. Согласно законот, откако стапив на фукција вицепремиер го испочитував во целост се откажав од управувачите функции во компаниите и како што ветив ја продадов ЕДС, вели Анѓушев и ги повикува институциите тоа да го проверат.
Фирмите, нагласува, се равиваат согласно пазарните услови и треба да имаат фер третман.
- Јас не можам да бидам пречка и да го сопрам тоа и да влијаам врз одлуките што ги носат доминатните сопственици. Не гледам причина зошто вработените во компаниите во кои имам удел, поради мојата функција треба да бидат дискриминирани. Сепак поради настанатата ерозија на вредностите и искривента перцепција која се има акумулирано во последните 10 години во услови на нетранспарентно управување и владеење јавноста е разбирливо сензитивна. Со оглед на тоа ги повикав моите колеги косопственици да ја преиспитаат одлуката за аплицирање на мерките од Планот за економски раст и да се повлечат, потенцира Анѓушев.
Според него, фактот што менаџментот на Кастинвест ја спаси единствената леарницата од стечај и го рестартираше производството и вработи 100-тина луѓе, го прави оптимист дека ќе изнајдат начин да го реализираат проектот самостојно.
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
