Анкета: Барни Сандерс прв пат пред Хилари Клинтон

Барни Сандерс прв пат има предност пред Хилари Клинтон во трката за номинирање на кандидат на Демократската партија за претседателските избори во САД, покажуваат резултатите од последната национална анкета на ТВ каналот Фокс њуз, спроведена овој месец.
Според анкетата, 47 отсто од избирачите кои ја поддржуваат Демократската партија, својот глас го дале за сенаторот од Вермонт Сандерс, додека еден месец претходно поддршката за него изнесуваше 37 проценти.
Во февруари поранешниот државен секретар Клинтон има поддршка од 44 отсто, при што е забележан пад од пет отсто во однос на јануари.
Анкетите на Фокс њуз од минатото лето покажуваа дека Клинтон имала предност од 46 отсто пред Сандерс, а пред два месеци нејзината предност се намали на 22 отсто.
Следниот круг од внатрепартисите избори на демократите ќе се одржи во сабота во Невада.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
