Анкета: Една седмина од Британците имаат симптоми на Ковид-19 три месеци по инфицирањето
Околу 13,7 проценти од Британците кои биле позитивни на коронавирусот, имале симптоми на болеста три месеци откако се заразиле, покажуваат официјалните статистички податоци.
Податоците се од британското Национално биро за статистика и се однесуваат на таканаречениот „долг ковид“. Студијата испитала 20.000 заразени Британци од 26 април 2020 година до 6 март 2021 година. Една седмина од нив имале симптоми, како што се замор и болки во мускулите, 12 недели откако биле заразени. Процентот на жени со „долг ковид“ бил поголем (14,7 отсто), во споредба со мажите (12,7 отсто), како и оној во возрасната група од 25 до 34 години (18,2 отсто).
Според статистичките податоци, се смета дека вкупно 1,1 милиони Британци кои биле позитивни на коронавирусот, имале „долг ковид“ во траење од четири недели пред 6 март. Меѓу погодените е групата од 35-69-годишници, сопруги на медицински персонал и на социјални работници, и луѓе кои живеат во посиромашните области на земјата.
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок истакна дека објавените податоци се алармантни и Владата планира да одвои повеќе средства за истражување поврзано со „долгиот ковид“.
Една од најнапредните светски кампањи за имунизација моментно се спроведува во Велика Британија. Триесет и еден милион граѓани ја примија првата доза на вакцината против Ковид-19, а 4,5 милиони се ревакцинирани од почетокот на декември минатата година.
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
