Анкета: Мнозинството Британци се согласуваат со забраната на носење бурка
Мнозинството Британци се согласуваат да се забрани носењето бурка на јавни места, додека половина од испитаниците сметаат оти бурките треба да бидат забранети, покажува истражувањето на лондонската агенција „Југав“.
Дури 57 отсто од учесниците во истражувањето изјавиле дека се согласуваат со забрана, 25 отсто биле против, а други 28 отсто изјавиле дека немаат став околу ова прашање.
Против забраната се младите на возраст меѓу 18 и 24 години, додека повозрасните се за воведување забрана во Велика Британија.
Кај постарите од 65 години, дури 78 отсто од анкетираните ја одобруваат забраната.
Според анализата на „Југав“ мнозинството од оние кои се за забрана, се гласачи на британската владејачка Конзервативна партија, како и на десничарската, антиевропска Парија на независност на Обединетото кралство (УКИП).
Анкетата во Велика Британија е направена по одлуката на локалните власти во триесетина општини на југот од Франција, да се забрани носењето буркини на јавните плажи.
Забраната важеше до денеска, но решението предизвика јавна дебата околу облекувањето на муслиманките.
Во меѓувреме, највисокиот административен суд на Франција ја отфрли одлуката на една општина, која единствено беше обжалена, но таа не влијаше врз другите, затоа што десетина општини одбија да ја применат.
Франција е првата земја на Западот која уште во 2011 година, воведе забрана за носење бурка на јавни места.
Британската влада минатата недела соопшти дека нема да воведе забрана за носење бурка.
Портпаролот во Даунинг стрит 10 изјави дека „нема потреба владата да определува кој како ќе се облекува“.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата