Анкета: Мнозинството Срби се против членство на земјата во НАТО
Мнозинството српски граѓани, односно 84 проценти, не поддржуваат членство на Србија во НАТО, две третини, или 66 проценти, веруваат дека бомбардирањето на СР Југославија можело да се избегне, а поголемиот дел сметаат дека политиката на Слободан Милошевиќ била причина за бомбардирањето. Тоа се резултатите од анкетата спроведена од Институтот за европски прашања.
Денеска се одбележува 19-тата годишнина од воената операција на НАТО против Србија. Како главна причина за 78-дневната операција, раководството на НАТО го посочи спречувањето на геноцидот на албанското население во Косово.
Извинување од НАТО не би прифатиле два проценти од испитаниците, додека една третина, претежно млади луѓе, би прифатиле. Според 68 отсто анкетирани, Србија не може да има корист од членството во НАТО.
Институтот за европски прашања забележува дека 19 години по бомбардирањето се уште не е потврдена одговорноста на политичките елити за политиката во деведесеттите години, а државните институции не го утврдиле ниту приближно број на жртвите на бомбардирањето.
Повикувајќи се на податоци на Фондот за хуманитарно право, Институтот за европски прашања наведува дека во бомбардирањето на НАТО против СРЈ биле убиени вкупно 758 лица.
Анкетата е спроведена од 16 до 20 март, на примерок од 1.203 граѓани.
Ново на Сител
-
Давал пари на заем и наплатувал несразмерна камата, уапсен лихвар во Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9