Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, Мицкоски со тројно повисок рејтинг од Ковачевски
Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 25 и 27 октомври 2023 на 1055 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.
Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања.
Според резултатите, ВМРО-ДПМНЕ е со голема предност пред СДСМ, а Христијан Мицкоски е со тројно повисок рејтинг од Димитар Ковачевски.
Во однос на прашањето за кого би гласале доколку следната недела има Паламентарни избори 23,3 остсто од испитаниците рекле дека за ниедна партија не би гласале, 12,5 отсто не сакале да се изјаснат, 11,3 отсто би гласале за СДСМ, 20,3 би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 5,6 отсто би гласале за ДУИ, а за останатите партии би гласале помал дел од испитаниците.


Во однос на прашањето во кој политичар имаат најголема доверба 34,2 осто од испитаниците рекле дека немаат доверба во нитуеден политичар, 16.5 отсто рекле дека имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски, 6,1 отсто рекле дека имаат најголема доверба во Али Ахмети, 5,6 отсто рекле дека имаат најголема доверба во Димитар Ковачевски.


Во однос на прашањето дали сметате дека Парламентарните избори треба да бидат заедно со Претседателските во мај следната година или да бидат одвоени 66,6 отсто од испитаниците рекле дека трерба да бидат заедно, 13,7 отсто рекле дека треба да бидат одвоени и 19,7 отсто не знаат или немаат одговор.

Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
