Анкета во Србија: Тито најдобар политички лидер
Граѓаните на Србија велат дека за нив најдобар политички лидер бил Јосип Броз Тито,додека зад него е актуелниот премиер Александар Вучиќ, се вели во анкета на Демостат изработена во 2016 година.
Според Блиц, кои имале увид во резултатите, на листата следува поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ, а далеку зад него е некогашниот претседател на СРЈ Слободан Молишевиќ кој добил три отсто гласови. Борис Тадиќ и Воислав Коштуница имаат само по два отсто гласови.
Во рангирањето на шест лидери како што се наведува, Тито има предност кај сите образовни групи, а Вучиќ само кај среднообразованите испитаници – 28 спрема 25 отсто.
Анкетата врз 1.500 испитаници правена „лице-во-лице“ укажува и на теми – како живеат граѓаните на Србија, имаат ли надеж во промени на подобро, однос на граѓаните кон демократијата и политичките партии, но и за шанси за изборите идната година. Детали од таа нкета се очекуваат денеска на прес конференција, јави Танјуг.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Германија
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро