Анкетарите на ДИК ја почнаа теренската проверка
Анкетари на ДИК денеска ја започнаа теренската проверка на Избирачкиот список на 100.436 неконзистентни записи распоредени на 89.383 граѓани во сите 80 општини во Република Македонија.
Како што соопшти Љупка Гугучевска, советник во ДИК, на терен се излезени 488 анкетари и доколку е потребно ДИК ќе ангажира дополнителен број за да се зголеми ефикасноста на процесот.
Заедно со анкетарите на терен има и набљудувачи од четирите политички партии кои, како што нагласи Гугучевска, немаат право да влегуваат во комуникација со лицата кои се анкетираат при теренските проверки.
Во контактот со граѓаните анкетарите треба да се идентификуваат со беџ издаден од ДИК и потпишано овластување од претседателот на Државната изборна комисија.
- ДИК е во постојана комуникација со подрачните одделенија и од блиску го следи процесот. Досега нема информација за проблеми на терен, но дополнителни информации се очекуваат кон крајот на денот кога ќе заврши анкетирањето и кога материјалите ќе им бидат предадени на контролорите во подрачните единици на ДИК, рече Гугучевска.
Во седиштето на ДИК во Скопје во тек е седница на која на дневен ред е Извештајот за прогресот во спроведувањето на теренските проверки на Избирачкиот список.
На седницата ќе стане збор и за можноста за објавување на неконзистентните записи од вкрстените проверки на интернет страницата на Државната изборна комисија, како и за барањата на Мисијата на ОБСЕ, МОСТ и Синергија за набљудување на теренските проверки.
Ново на Сител
-
Обвинителството се уште презема мерки за сообраќајната несреќа на „Партизанска“ во која загина 22-годишната Фросина
-
Затворска казна за возач во Бугарија фатен со 3,04 промили алкохол
-
Дисциплинска постапка за двајцата лекари кои физички се пресметале во Клиничката болница - Штип
-
Во Скопје пронајдена дрога кај две млади лица
-
Мицкоски: Наместо за нешто друго, сега државата ќе враќа 50 милиони евра за нечии хирови
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета
-
Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми